Фудбалерите на Црвена звезда убедливо се поразени од Баерн Минхен со 3-0. Иако овој резултат се чини дека е превисок, гостите се држеа добро до осумдесетата минута. На тој резултат Павков и Марин имаа шанси но не успеаја да реализираат.

Следуваше казна од Баварците за радост на Алијанц арена.

Очајно издание имаше и Реал Мадрид на Паркот на принцовите. Тежок пораз од 3-0 од ПСЖ за многу главоболки на Зинеден Зидан. Како податок за лошото издание на Кралеците може да послужи фактот што немаа ниту еден шут во рамки на голот.

На другите мечеви беа постигнати главно очекувани резултати.

Клуб Бриж – Галатасарај 0-0

Олимпијакос – Тотенхем 2-2

Атлетико Мадрид – Јувентус 2-2

Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1-2

Динамо Загреб – Аталанта 4-0

Шахтјор – Манчестер сити 0-3