Маскотите се откриени на свечена церемонија во салата за хокеј Шоуганг во Пекинг, со воодушевување на градоначалниот Чен Јијинг кои ги опиша како „прекрасни, посебни и одлични“.

На визуелен начин ја изразуваат нашето тежнеење кон Игрите испраќајки топла покана за сите пријатели ширум светот, изјави Јијинг.

Пандата, чие име е Бинг Двен Двен, преку ликот ја симболизира патеката за лизгање и 5Г технологијата, а името го добила по мразот кога ќе се преведе првиот збор од кинески јазик, а другата означува искреност и здравје, се наведува на сајтот на Организациониот комитет во Пекинг.

Ова животно се смета за национално богатство, па така беше маскота и на Летните ОИ во ПЕкинг 2008 и Азиските игри во истиот град во 1990 година.

Срвениот фенер, како нешто што е традиција во Кина, е маскота на Параолимписките игри и се вика Шуеј Рон Рон.

Зимските оломписки игри и Параолимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари.