Со 18 поени, 11 скокови и 10 асистенции, Лука Дончиќ, го запиша своето име во книгите на рекорди, станувајќи вториот најмлад кошаркар во историјата што остварил трипл-дабл учинок на еден НБА натпревар. Единствен помлад кошаркар, кому му пошло тоа од рака е играчот на Филаделфија Маркел Фулц, кој имаше трипл-дабл во април минатата година.

Дончиќ, до својот прв трипл-дабл во кариерата дојде на возраст од 19 години и 327 месеци, но беше многу блиску до таков успех и претходно сезонава, односно на 26 декември, на дуелот против Њу Орлеанс, кога му недостасуваше само еден скок. Да успееше во тој натпревар, Дончиќ ќе имаше трипл-дабл на 19 години и 301 ден.

Словенечкиот кошаркар е третиот дебитант на Далас во историјата што во остварува трипл-дабл, по Денис Смит Џуниор и Џејсон Кид.

Остварениот трипл-дабл на Дончиќ, сепак, не беше доволен за Далас да го избегне поразот против Милвоки бакс со 116-106.