Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, повторно ги воодушеви фановите и со својата игра предизвика лудило на социјалните мрежи.

Најновиот свој подвиг, Дончиќ го направи на дуелот против Лос Анџелес клиперс кога на 4 ипол минути до крајот на третата четвртина, прво со дриблинг зад грб се ослободи од двајца противнички кошаркари, по што се втурна во рекетот и избегнувајќи ја реакцијата на останатите противници со лева рака ја положи топката во обрачот.


Дончиќ го заврши натпреварот со 17 поени, седум скока и шест асистенции за Далас, кој дојде до триумф од 106-98.

Резултати од синоќешните натпревари

Далас – ЛА клиперс  106-98

Торонто – Сакраменто  120-105

Оклахома сити – Портланд  123-114

Феникс – Минесота  91-118