Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако мечот, заради повреда, го предаде Кеи Нишикори при резултат 6:1, 4:1. После мечот, првиот рекет во светот и се извини на публиката.

И не само тоа, Ѓоковиќ зборуваше и за квалитетите на Лука Пуј, со кој ќе е сретнат во полуфиналето, но и за Рафаел Надал, со кој може да се сретне во финалето.

Ѓоковиќ најпрво испрати извинување до сите кои се надевале дека ќе гледаат тениски спектакл.

Жал ми е, посебно кога се работи за Нишикори со кој имам одиграно неколку од своите најдобри мечеви во кариерата. И минатиот пат тука водевме голема борба, поминал премногу време на теренот. Жал ми е за сите вас. Извинете, рече Ѓоковиќ и ја крена на нозе публиката во „Род Лејвер арента“.

Публиката умешно ставот на српскиот тенисер и неговото извинување го награди со силен и долг аплауз.

По бројот на титули Австралија опен е најуспешниот гренд слем турнир за Новак, кој трофејот во раце го кренал шест пати.