Нашите ракометари на најлош можен начин го завршија настапот на Европското првенство, со убедлив пораз од Австрија.

Но, уште полошо од високата разлика е целосната немоќ на нашите ракометари и отсуството на искра, на пркос во дуелите со Австријците.

Практично во секој момент на противниците им дозволувавме да исполнат се што замислиле на теренот. Нашата летаргија не можеше да се разбие ниту во моментите кога имавме еден, но и два играчи повеќе. Од почеток до крај играта и резултатот беа на страната на Австрија, па така, конечниот резултат 32-28 е најмалку битен по еден вака тежок, можеби и срамен настап и заслужен пораз.

По ваквиот крај на нашиот настап на Европското првенство, прво и најважно нешто што треба да се направи и тоа од раководството на ракометната федерација, сите членови на репрезентацијата (и стручен штаб и играчи), но и од целокупната јавност е да се испрати искрена молба до Кире Лазаров да не ни помисли на ецентуална пензија од репрезентацијата затоа што тој не заслужува вакво испраќање.