Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус е сигурен дека капитенот на холандски Ајакс, Матијс де Лихт, наскоро ќе игра за клубот од Торино.

Холандски Телеграф пишува дека Јувентус е подготвен за Де Лихт да плати и повеќе од 70 милиони евра за петгодишен договор.

Холандскиот интернационалец во Јувентус би заработувал меѓу 15 и 20 милиони ерва годишно.

Во моментов се смета дека тој е на чекор до потпишување договор со Пари Сен Жермен, но според Телеграф, Јувентус во моментов на маса ја ставил најдобрата понуда.

Доколку се случи овој трансфер тоа ќе значи дека Де Лихт ќе игра заедно со Кристијано Роналдо, за кого Јувентус плати 100 милиони евра. Весникот пишува дека лично Роналдо го поканил Де Лихт да игра за клубот од Торино.