Тројца кошаркари на Денвер нагетс, Џамал Мареј, Малик Бизли и Пол Милсап постигнаа по 20 поени, со што го предводеа својот тим до лесна победа против Лос Анџелес лејкерс од 117-85.

Со овој триумф, „златните грутки“ ја продолжија својата серија победи на четири, штое најдолга таква низа во Западната конференција и втора во лигата, по таа на Торнто репторс, кој има шест триумфи по ред, но и најдобар скор во лигата.

Резултати од синоќешните натпревари

Денвер – ЛА Лејкерс  117-85

Детроит – Њујорк  115-108

Мајами – Атланта  113-115

Мемфис – Торонто  114-122

Феникс – Индијана  104-109