Светскиот рекордер во спринт на 100 и 200 метри, Усаин Болт ги постигна првите два гола како професионален фудбалер. Болт го постигна двата последни голоа во победата на неговиот тим Централ Коуст Маринерс против Мекартур Саут Вест Јунајтед, со 4:0.

Јамајканецот, почна да тренира со овој австралиски клуб од август годинава, откако ја заврши кариерата како атлетичар.

Се чувствувам одлично, откако постигнав два гола во првиот натпревар. Среќен сум дека дојдов тука и можам да му покажам на светот дека се развивам. Мојата желба е да бидам „Маринер“, да покажам најдобра игра и да се пробијам во тимот – изјави Болт по средбата.