Македонската фудбалска  репрезентација очекува победа на утрешниот дуел против Лихтанштајн. Доколку триумфираме ќе треба да останеме непоразени на дуелот во Ереван против Ерменија и плеј офот во Лигата на нации ќе ни биде на дофат.

Предводник на оваа селекција е Горан Пандев кој вели дека  би ги менувал сите клупски титули за настап со Македонија на едно Европско првенство.

Против Лихтенштајн играме токму на денот кога славиме 25 години репрезентативен фудбал. Имаме атмосфера во селекцијата како никогаш досега, па сигурно сакаме сето тоа да го заокружиме со нова победа.