Ракометарите на Барселона се победници на годинашното издание на Супер Глоуб, кое важи за неофицијалното светско ракометно клупско првнство.
Шпанскиот прволигаш во финалниот меч на турнирот во Саудиска Арабија славеше над Кил со 34-32. Ова беше дуел во кој бундеслигашот беше подобар во првото полурвеме (17-15), но продолжението им припадна на избраниците на Пасквал кои направи пресврт и се изборија за триумф од два гола разлика.
Со ова Барса ја продолжи одлична серија на освојување на Супер Глоуб, ова беше трет триумф во низа или севкупно петта светска титула.
Македонскиот ракометен клуб Вардар го освои третото место.
Comments are closed for this post.