Тажен ден за мотоспортот и формула – францускиот возач Антоан Хуберт (22) почина како последица од повредите здобиени во тежок судар за време на трката во Белгија, на стазата Спа Франкошамп.

Станува збор за трка од шампионатот во Формула 2

Смртта на францускиот возач ја потврди и Светската автомобилска федерација.

Болидот на Убер најтешко настрада за време на карамболот, преполовен после судирот со Американецот Хуан Мануел Коре. Французот претходно, во намера да го избегне сударот со Коре, удри во заштитниот ѕид после што се најде на патот на соперничкиот болид.

Според првите информации, во сударот тешко е повреден Кореа, кој претрпел скршеници на двете нозе.

Погледнете го сударот кој го однесе животот на младиот француски пилот.

За Хубер ова беше прва сезона во Ф2 шампионатот, возеше за англиски тим, а го зазема осмото место. Пред шест години најави високи достигнувања со освојувањето на Формула 4, а од пред две години е член на академијата на Рено.

Оваа сезона победи на две трки, во Монако и Ла Кастелет.