Атлетико Мадрид воведува иновација во изгледот на своите дресови. Мадриѓаните официјално ја претставија третата верзија на своите дресови за сезонава, на коишто ќе доминираат сината и белата боја.

Освен невообичаените бои за клубот препознатлив по црвено-белата комбинација, карактеристично за овие дресови е тоа што на нив е исцртана мапа на Мадрид на којашто доминантна, централна позиција има фонтаната на Нептун, местото каде што навивачите на Атлетико ги прославуваат сите успеси на клубот.

 

Со избраниот дизајн за оваа верзија на дресовите, актуелниот шампион на Лига Европа го продолжи трендот на, за нив, необичниот изгед на спортската опрема сезонава. Претходно, освен стандардниот домашен црвено-бел дрес, Атлетико ја промовира гостинската небесносина комбинација.