Елиминацијата на Роџер Федерер скапо го чинеше еден негов пасиониран фан но и играч во обложувалниците. Тој на победа на неговиот миленик на „УС Опен“ вложил дури 35.000 долари.Квотата за победа на Швјцарецот беше 1.02.

Оние што се разбираат во обложувалници знаат дека тоа би му донело заработка од само 700 долари.Но иако мислел дека тоа ќе му бидат најлесно заработените пари, Федерер го загуби мечот од анонимниот Милман.