Македонската ракометна репрезентација до 19 години со пораз го почна настапот на Светското првенство кое се игра во Скопје. Подобра од нас беше репрезентацијата на Аргентина која се покажа како солиден тим.

Нашата репрезентација е предводена од Данило Брестовац а во составот се неколкумина играчи кои имаат искуство во А репрезентацијата и во Лигата на шампионите како Серафимов, Костески и Кизиќ.

Македонија делуваше сигурно, разиграно а публиката во „Борис Трајковски“ го поздравуваше секој нивен гол. Но, тоа важеше само за првото полувреме, додека во вториот дел дојде до целосен пад на играта.

Нашата репрезентација и покрај поразот од 20-23 има шанса да дојде до втората фаза на првенството а со малку повеќе среќа и во самата завршница.