Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска соопшти дека Федерацијата заедно со претставниците на клубовите од нашата Прва лига се согласиле ТВ правата за пренос на натпреварите од МФЛ да бидат отстапени на водечкиот регионален спортски канал, ТВ Арена Спорт во наредните две сезони.

По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт. Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис, изјави Сејдини.