Поранешниот играч на Јувентус, Антонио Конте даде добри показатели дека ќе се врати во Серија „А” по крајот на сезоната.

Во изминатите неколку недели, тренерот е поврзан со Интер, Рома и Милан, а италијанските медиуми веќе открија дека Конте преговара со првите два клуба.

Сепак, поранешниот менаџер на Челзи не ја отфрли можноста за преземе клуб од друга силна лига.

„Веројатноста за работа во Италија е голема, но исто толку голема како и работа во странство. Можно е и да одморам. Важно да одам во клуб кој може да ми дозволи да се борам за титули. Има 60 отсто шанси да преземам италијански клуб, 30 да работам во странство и 10 отсто да одморам, рече Конте за „Јене”.