Фудбалската опсерваторија ЦИЕС, водејќи се според сопствен алгоритам, направи листа на 20 најскапи млади фудбалери, „помлади од 21 година) што настапуваат во петте најголеми лиги во Европа.

При изготвувањето на рангирањето, алгоритмот на ЦИЕС земал предвид фактори како што возрста на фудбалерот, игрите што ги прикажува, должината на договорот …

20. Калум Хадсон-Одои (Челзи, Англија) – 20 години, напаѓач, 20,3 милиони

19. Ознан Кабак (Штутгарт, Турција) – 19 години, одбрана, 20,8 милиони

Ознан Кабак (лево)

18. Фил Фоден (Манчестер сити, Англија) – 18 години, среден ред, 21,9 милиони

17. Бубакар Камара (Олимпик Марсеј, Франција) – 19 години, одбрана, 26,6 милиони

16. Албан Лафонт (Фиорентина, Франција) – 20 години, голман, 28,3 милиони

15. Двајт МекНил (Барнли, Англија) – 19 години, напаѓач, 28,6 милиони

Двајт МекНил (десно)

14. Педро Поро (Џирона, Шпанија) – 19 години, одбрана, 29,4 милиони

 

13. Диого Далот (Манчестер јунајтед, Португалија) – 20 години, одбрана, 30,2 милиони

12. Самуел Чуквуезе (Вилјареал, Нигерија) – 19 години, напаѓач, 35 милиони

11. Ибраима Конате (РБ Лајпциг, Франција) – 19 години, одбрана, 40 милиони

10. Рајан Сесењон (Фулам, Англија)  – 19 години, одбрана, 43,5 милиони

9. Еван Н’Дика (Ајнтрахт Франјфурт, Франција) – 19 години, одбрана, 44,1 милион

8. Џастин Клајверт (Рома, Холандија) – 20 години, напаѓач, 44,3 милиони

7. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил) – 18 години, напаѓач, 55 милиони

6. Џанлуиџи Донарума (Милан, Италија) – 20 години, голман, 59,4 милиони

5. Деклан Рајс (Вест Хем, Англија) – 20 години, среден ред, 64,2 милиони

4. Каи Хаверц (Баер Леверкузен, Германија) – 19 години, среден ред, 64,3 милиони

3. Николо Заниоло (Рома, Италија) – 19 години, среден ред, 67,4 милиони

2. Матео Гендузи (Арсенал, Франција) – 20 години, среден ред, 70,1 милион

1. Жадон Санчо (Борусија Дортмунд, Англија) – 19 години, напаѓач, 150,3 милиони