Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ избран е за најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата, во твитер анкета која ја спроведе Скај спорт.

Српскиот фудбалер доби 55 отсто од гласовите во дуелот против Холанѓанецот Вирџин Ван Дајк, кој си Ливерпул стигна до титулата во Лигата на шампиони, освои трофеј за најдобар играч во Премиер лигата, а неодамна прогласен е за најдобар во Европа.

Видиќ дресот на Јунајтед го носеше од 2006 до 2014 година и освои вкупно 15 трофеи, вкучително пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони.