„И покрај одредените проблеми со кои се соочува тимот во однос на составот, на секој начин ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат, изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, пред утрешниот натпревар во Бер Шева против репрезентацијата на Израел.

Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи – изјави селекторот Ангеловски.

Дуелот се игра в четврток на 5 септември со почеток од 20.45 часот