Алжир го освои Африканскиот куп на нации по втор пат во својата историја!

Триумфот дојде по минимален успех од 0:1 над Сенегал во големото финале, одиграно во Каиро, Египет.

Во херој за Алжир се претвори Багдад Бунеџа, кој го постигна единствениот погодок во натпреварот.

Така, Алжир повторно стапна на врвот на африканскиот континент, откако го стори тоа во далечната 1990 година, а Сенегал мораше да го прифати својот втор пораз во финалето на турнирот.