Македонскиот селектор Игор Ангеловски е задоволен од бодот против Грузија на домашен терен. Според него, Македонија покажува карактер и знае да се врати во игра и со играч помалку по исклучувањето на голманот Димитриевски.

Овој натпревар покажа дека не се предаваме ни кога играме со играч помалку. Некако и се навикнавме да играме против Грузија со играч помалку. Покажавме карактер и не се откажавме.

И едните и другите на овој меч играа премногу претпазливо не откривајќи ги картите.

Клучен момент беше исклучувањето на голманот Димитриевски во 67 минута откако играше со рака надвор од шеснаесетикот. На негово место влезе Шишковски а играта ја напушти Нестороски. Веднаш потоа следуваше и голот на гостите по убаво изработена акција. Бодот ни ги донесе Алиоски од пенал во екстра времето.