Aлбанскиoт нафтен тајкун Резарт Тачи го споменал црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во случајот со сомнителните плаќања од милион долари, што ги истражува италијанската и албанската полиција.

Тачи ги здружил силите со група италијански државјани за да префрли околу 20 милиони евра на сметките на албанските банки, за полицијата во Италија да не ги блокира тие пари.
Според транскриптите од прислушуваните разговори на Тачи, албанскиот бизнисмен интервенирал кај Мило Ѓукановиќ за операциите на меѓународните парични плаќања.

Во врска со овие медиумски пишувања, порталот РТЦГ стапил во контакт со кабинетот на претседателот на Црна Гора, но одговорот се уште не е пристигнат.

Дали претседателот Ѓукановиќ го познава Резарт Тачи и ако е така, дали некогаш разговарале за трансфер на пари преку некоја комерцијална банка во Црна Гора, вклучително и банката во која претседателот некогаш бил акционер, „Прва банка“ се вели во прашањето на РТЦГ.