Голема врева се крена по мечот меѓу Јордан и Иран во квалификациите за Азискиот куп во 2022 година за дамите, откако иранскиот голман беше обвинет дека е – маж!

Селекцијата на Иран се пласираше во Азискиот куп во 2022 година, бидејќи по изведувањето пенали славеше над Јордан, а хероина на овој меч беше Зохреха Кудеји, која наиде на обвинувања дека е – маж!

Јорданците тврдат дека таа е всушност маж, објавија медиумите ширум светот.

Сепак, ова не е прв пат Зохреха да се соочи со овој „проблем“, а и претходно коментираше слични наводи.

Мојот единствен грев е што не сум убава“, изјави неодамна Зохреха.