Во бугарските училишта не се предава тоа што се случило во блиската историја, а по „инерција“ тоа се пренесува и на спомениците, именувањето на помалите места и носталгијата по комунизмот, што се забележува во реториката на бившата компартија БСП. Како резултат на сето тоа, младите луѓе стравуваат од тоа да не ги повторат грешките на своите претци, кои настрадале заради идеологии како националсоцијализмот и болшевизмот.

На ова предупреди авропратеникот од ГЕРБ/ЕНП, Андреј Ковачев, во студиото на bTV. На Денот на сеќавањето на жртвите на комунизмот, тој беше категоричен:

Кога станува збор за тоа, во БСП велат „Вие сакате да ја смените историјата!“. Не г-да комунисти, вие ја сменивте историјата, вие со децении проповедавте лажна историја, како што правеа и во Македонија! Сега сакаме објективно читање на историјата-за тоа што се случило пред 9 септември и за тоа што се случило по 9 септември.

 

Општеството реагира многу страшно кога станува збор за жртвите на нацизмот, но некако рамнодушно ги прифаќа жртвите на комунизмот. Според Ковачев, причината е во таложениот со децении страв да се зборува за тоа и насочувањето на историјата само во една насока:

Тоа е децениско таложење на темата во тој правец. Зошто е толку тешко во Македонија да ја кажеш вистината, зошто е толку страшно да кажеш што бил Гоце Делчев или Даме Груев-со децении бил всадуван страв.

Според него, жртвите на царскиот режим се помалубројни од жртвите на „црвениот“ терор. „Што треба да направи една држава кога во шумата има вооружена банда! И сега има такви луѓе и ги нарекуваат „терористи““, изјави тој.