Откако Македонија и Грција конечно го решија спорот за името се појави нов спор. Како што пишува турскиот портал Хаберлер сега проблем може да биде традиционалното јадење на Балканот Мусака. Овој специјалалитет кој се подготвува со компири и мелено месо секој си го присвојува како свој.

Грчките медиуми останале шокирани кога забележале на саемот на храна во Германија Мусаката се презентирала како храна од Македонија под македонско знаме. Тие сметаат дека тоа јадење е само грчко и се служи со традиционалниот грчки јогурт.