Сопствениците на хотели во Грција преку медиумите информираат за огромни загуби од спроведувањето на парламентарните избори во јули, иако точниот датум се уште не е утврден. Грците веќе масовно ги откажуваат резервациите за годишните одмори.

Внатрешниот туризам целосно замрзна, Грците ги откажуваат резервациите, соопштуваат збунетите хотелиери.

Покрај изборите, меѓу причините тие ја споменуваат и намалената куповна моќ на Грците, особено немжноста да обезбедат средства за годишен одмор. Голем број кандидати за претстојните избори подигнале кредити за  предизборната кампања,а многу Грци се вклучуваат во  активностите на партиските штабови.

Хотелиери од реоните кои сметаат пред се на грчки туристи се ободуваат да привлечат странци намалувајќи ги цените на понудите за јули. Туристичките агенции информираат дека Грците започнале да ги откажуваат и резервациите за екскурзии и одмори во странство.