Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе биде во Белград но неговата претходница веќе е во Србија. Целото обезбедување ќе брои 250 лица, меѓу кои лично обезбедување како и специјалци.
До доаѓањето на претседателот на 17-ти ќе бидат прегледани сите шахти кои мора да бидат заварени, прозорците долж улиците кои ќе минува колоната мора да бидат со спуштени ролетни, а снајперисти ќе има распоредени на покривите на зградите.
По влегувањето во воздушниот простор на Србија, авионот на Путин ќе биде преземен од воздушните сили на војската која ќе го следи во секој чекор.
Comments are closed for this post.