Казнувањето на лица за фарбање споменици е во спротивност со членот 10 од Конвенцијата за човековите права, поточно со правото на слобода на изразување.

Ова е одлука на Европскиот суд за човекови права по предмет поведен од соседна Бугарија уште во 2015 година, пишуваат софиски „24 часа“.

Извеси Асен Генов и Цветлана Србинска во 2013 година го офарбале споменикот пред централата на Бугарската социјалистичка партија, што се наоѓа на улицата „Позитано“ во Софија. За стореното дело, Софискиот суд обајцата ги осудил на парична казна.

Но, Генов и Србинска во 2015 година повеле спор пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој денеска се изјаснил дека казната против двете лица е во спротивност на чл.10 од Конвенцијата за човекови права, поточно на правото на слобода на изразување.

Судот за Генов определил материјално обесштетување од 998,33 евра, како и по 4.000 евра за двајцата тужители за претрпената нематеријална штета.