Спроведувањето на Законот за бугарско државјанство мора да доведе до трајна интеграција во Бугарија на претставниците на бугарските историски заедници во странство.
Ова вчера го изјави претседателот Румен Радев на работна средба посветена на политиката за доделување бугарско државјанство на Бугарите во странство, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Трибуна.мк.
На средбата присуствуваа потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за правда Надежда Јорданова и заменик министерката за правда Јулија Ковачева.
„Претседателската институција добила бројни сигнали на наши сонародници од странство, кои се соочуваат со непремостливи пречки за добивање бугарско државјанство“, рече шефот на државата.
Договорено е да се формира работна група за обединување на напорите на институциите вклучени во процесот на издавање бугарско државјанство, која ќе ги идентификува мерките за надминување на дефицитите и контрадикторното спроведување на постојната легислатива.
Заеднички став беше дека досегашната практика доведува до тоа илјадници барања на наши сонародници во странство за бугарско државјанство да останат неодговорени со години или да се вратат поради немање доволно документи за докажување бугарско потекло, иако тоа може да се докаже на други начини предвидени со прописите. Се разговараше и за можноста за формирање привремена комисија за разгледување на неодговорени барања или одбиени барања поради формална некомплетност.
Пред речиси два месеци македонскиот портал Плус инфо објави напис и сведоштво на еден човек од Свети Николе, дека Бугарија ја менува тактиката, па Македонците коишто сакаат да извадат бугарски пасош наскоро ќе се соочат со нова процедура: најпрво ќе треба да се зачленат во едно од бугарските здруженија во Македонија, па ќе треба и теренски да се активираат.
Comments are closed for this post.