Потпретседателот на Владата на Србија Расим Љајиќ днеска изјави дека од 21 ноември до 11 декември во Косово се пласирани за 30 милиони евра помалу стоки од Србија во однос на истиот период лани.
Штетата е огромна доколку се продолжи и ако се инсистира на дополнителни тарифи, тоа значи дека потполно е исклучена трговијата, освнен на неколкуте меѓународни брендови кои и понатаму извезуваат стоки, изјави Љајиќ.
Потпретседателот на Владата на Србија повтори дека еден од условите за продолжување на дијалогот со Косово е токму укинувањето на царините од 100 отсто.
Погрешно е да се инсистира на трговската варијанта „вие запрете ги мерките, ние ќе ви попуштиме и ќе ви дадеме нешто, нагласи Љајиќ.
Тој додава дека Србија дала повод за воведување повисока царина, но од друга страна и формирањето на Војска на Косово е еднострана одлука и мерка на Приштина која не придонесува за стабилизација на ргионот.
Comments are closed for this post.