Владата на Косово ја поддржа со мнозинство гласови царинската давачка за српските производи да биде зголемена од 10 на 100 отсто.

Ендрит Шаља, министер за трговија и индустрија го предложи покачувањето на таксата за 100 отсто.

Рамуш Харадинај го поддржа овој предлог, велејќи дека договорот ЦЕФТА помеѓу Белград и Приштина не функционира, пренесува „Коха Диторе“.

Косово е долго спречувано како во транспортот, така и во анализата на било кој друг инструмент на ЦЕФТА и затоа го поддржува овој предлог, рече Харадинај.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ повтори дека нема никакво продолжување на дијалогот со Приштина додека не ги повлече своите мерки, мислејќи на дополнителната такса од 10 отсто колку што Приштина воведе на стоките од Србија и БиХ.

Ние сме подготвени во секој момент да зборуваме. Но како да разговараме кога некој после 12 години(од потпишувањето на договорот ЦЕФТА) не сака да го спроведе на дело нешто што потпишале, рече Вучиќ.