Претседателот на Србија Александар Вучиќ размислува дали воопшто има поента да оди во Брисел следните денови каде треба да се одлучува дали Србија ќе отвори нови поглавја во преговорите со ЕУ отако тоа е директно условено со признавање на Косово.

И Македонија чека добри вести од Брисел па затоа Вучиќ рече дека ќе се слушне со колегите од „Отворен Балкан“.

Сакам да се консултирам со владата но и со луѓето од „Отворен Балкан“ па ќе донесам одлука дали ќе одиме во Брисел и каков став ќе заземеме-изјави денеска Вучиќ.