Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Њујорк ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Информацијата на својот сајт ја објави Стејт Департментот.
Вучиќ и Помпео ќе се состанат на ручек кој го организира американскиот државен секретар. Освен тоа, претседателот на Србија ќе има неколку состаноци во Њујорк.
Главната тема на разговорите помеѓу Александар Вучиќ и Мајк Помпео се очекува да биде ситуацијата во Косово.
Помпео ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ООН за Блискиот Исток во Њујорк и е предвидено да се сретне со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
Comments are closed for this post.