Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Париз, каде денеска ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, што ќе биде нивна 11-та средба.

Клучни теми на разговорoт ќе бидат Косово, евроинтеграциите на Србија, билатералните односи, како и изградбата на метрото во Белград.

Ќе разговараме за многу важни работи, ова е наш 11-ти состанок. Маркон е еден од најважните светски лидери и искрен пријател на Србија, а неговата посета на Србија во 2019 година беше од историско значење за нашите односи, и оттогаш нашата политичка и економска соработка само се зголемува“, рече синоќа Вучиќ за ТВ Пинк.