Румен Радев и официјално потврди дека ќе се кандидира за втор мандан на претседателските избори во Бугарија, што треба да се одржат кон крајот на годинава. Тој повторно ќе се кандидира во двојка со вицепретседателката Илијана Јотова.

Најавата за кандидатурата Радев ја објави на прес-конференцијата посветена на четиригодишнината од неговото стапување на должноста. Тој појасни дека во законскиот рок ќе прецизира како чиј кандидат ќе настапи на изборите.

Според неофицијални информации, Радев повторно ќе биде номиниран од иницијативен одбор. Опозициската БСП до сега не соопштила дали ќе го поддржи како на претходните избори во  2016 година.