Во Брисел се одржа проштална вечера за лидерите од Западен Балкан, во организација на високата претставнича на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. На  вечерата присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Еди Рама не можеше да присуствува на вечерата поради обврски.

Додека се поздавуваа  со „домаќинката “ Федерика, Могерини, српскиот претседател  Вучиќ во еден момент  видно расположен искоментира

„Хашим, Федерика најмногу сака да те бакне“ “и по неколку секунди додаде дека Тачи се преправал дека не го разбира српскиот.