Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска беше домаќин на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Вучиќ на Тикток објави и видео кое го сними со гостинот.

Првото прашање што им беше поставено беше да изберат меѓу кошарка и фудбал, а Орбан го избра фудбалот додека српскиот претседател кошарката.

Потоа дојдоа ќебапите и гулашот.

– Гулаш е супа, па прво гулаш па ќебапи – се пошегува Орбан, а претседателот Вучиќ додаде:

– Прво ќебапи, па гулаш.

Кога станува збор за морето или планината, Орбан објасни дека морето значи слобода, па затоа го избрал на тој начин.

– Тоа е најголемата разлика меѓу нас, секогаш планините – продолжи претседателот Вучиќ.

Потоа избраа меѓу два клуба, Ференцварош или Црвена Звезда.

– Ако фудбалот е секако Ференцварош, но Црвена звезда во кошарката – рече Орбан.

– Глупаво прашање Звезда – се насмеа Вучиќ.