Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска предупреди дека наесен ќе има медицинска криза за лекови во цела Европа, а ќе има и лоша енергетска состојба.

– Не кажувајте после дека не сум ви кажал… Мора да се снајдете во сето ова и ние ќе се снајдеме. Како?  Нема филозофија, рече Вучиќ.

Вучиќ пред короната предуреди дека ќе има криза во светот за основните намирници како пченица, пченка, грав, шекер што и се случи.