Во заедничка акција на црногорската и српска полиција уапсени се водачите на двата најголеми кланови, Шкаљарски и Кавачки. За двата клана се говори дека се во тесни врски со државниот врв на Црна Гора

Водач на Шкаљарскиот клан е Јовица Вукотиќ чие богатство се проценува на 100 милиони евра,заработени со препродажба на дрога. Тој има и српско и црногорско државјанство и уапсен е во Турција со лажен идентитет.

Тој е депортиран во Србија и иронијата е во тоа што Обвинтелството бара да биде осуден на затвор од само година и половина.

Како негов наследник се споменува неговиот брат Игор кој се терети за убиство на полициски функционери. Игор планирал убиство и на политичари како и на водачите на противничкиот табор, Кавачкиот клан.

Водач пак на Кавачкиот клан е Слободан Кашчелан кој е уапсен во Чешка под сомнение дека организрал криминална група и лихварство. Тој јавно се закани дека ќе ги ликвидира сите членови на Шкаљарците.

Како негов наследник се споменува Игор Божовиќ кој неодамна беше пуштен од затвор каде беше поради шверц на кокаин од Јужна Америка.Тој веднаш избега за да не биде обвинет за други дела и му се губи секаква трага.