Француската амбасада на Косово соопшти дека Франција го признава усвојувањето на законите за Косовските безбедносни сили (КБС) со кои се предвидува трансформација во Војска на Косово.

Како што пренесува приштинскиот сајт „Телеграфи“, во соопштението на амбасадата се наведува и дека Франција бара од Приштина одново да започне дијалог со Србија.

Франција сака да останат на сила договорите со КФОР во врска со присуството на КБС на северот од земјата. Го повикуваме Косово што побрзо одново да започне дијалог со Србија, што би довело до потполна нормализација на односите меѓу двете земји, се наведува во соопштението, пренесува порталот.