Претставници на владата и опозицијата во Србија, кои одбија посредување од Европскиот парламент, ќе се состанат денеска за првпат во меѓупартиски дијалог за изборните услови.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, во Националното собрание на Србија ќе се состане со претставници на владејачките и опозициски партии.

На средбата беше поканет и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека ќе одговори доколку нема претседателски обврски.

Претставници на владејачките партии – Српската напредна странка (СРС), Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Српскиот патриотски сојуз (СПАС) ќе учествуваат во дијалогот.

Од опозициските на повикот одговорија од Демократската партија на Србија (ДСС), Српската радикална партија (СРС), движењето „Двери” и „Доста беше“.