Според истражување што го спроведоа Европскиот совет за надворешни односи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифтунг Меркатор“, со седиште во Есен, поранешните југословенски републики, членки на ЕУ, Хрватска и Словенија, се при дното на рангирањето на општото влијание што го имаат во Унијата.

Според овој критериум, од 28 земји членки, Хрватска и Словенија ги делат последните четири места заедно со Малта и со Бугарија.

Слично е рангирањето и кога станува збор за тоа кои држави имаат најголемо влијание на политиката на ЕУ, само што во овој случај двете балкански држави го делат местото со Малта и со Летонија.

Затоа, пак, највлијателни држави, во секој поглед, се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија. Истражувањето покажува и дека Германија е најдобар партнер при донесувањето политички одлуки, по што следуваат Франција и Италија.

Европскиот совет за надворешни односи, го изготви извештајот врз основа на прашања поставени на 877 експерти од сите држави членки на ЕУ, активни во „полкитиата на Унијата“. Меѓу нив има стручњаци од медиумите, од владите на поедини држави или од различни институти.

Истражувањето покажува дека Словенија, иако е меѓу земјите со нјамло влијание во ЕУ, добро е пласирана кога станува збор за залагањето за подлабока интеграција на Унијат, каде што го зазема 14. место. Словенија е и најактивна во заедничката политика за азил, единствената фискална политика, единствениот пазар и заедничкото надгледување на Еврозоната.

Истражувањето покажало и дека Унгарија е земјата што „најмногу разочарува“, каде што Словенија се наоѓа на 16 место, како една од земјите што најмалку разочарале во изминатите две години.