Коронавирусот ја опустоши Вараждинската жупанија. Жупанот Радимир Чачиќ во паника алармираше на тешката сутуација.

Ние сме пред колапс. Во ситуација сме кога треба да избереме кој ќе живее, а кој ќе умре. Немаме друг избор, вели тој.

Стигнавме до точката на пукање. Има многу заразени лица, немаме респиратори, Дубрава не ги прифаќа. Ние сме во мат-позиција. Каде да ги сместите сериозно болните?

Единствено решение е да се направи избор за тоа кој ќе го земе респираторот. Кој не сака, а треба да биде на респиратор, тој ќе умре. За жал ситуацијата во Вараждинската жупанија е драматична, вели тој.

Во понеделникот Вараждинската жупанија имаше 192 нови случаи, 82 од нив беа хоспитализирани, а десет беа на апарати за дишење. Ова е двојно повеќе во споредба со бројот на останатите три северни жупании заедно. Болницата има само 12 респиратори, кои, со толку многу нови инфекции, веројатно веќе денес ќе бидат сите ставени во употреба.

Искуството покажува дека 10 проценти од заразените мораат да одат во болница за кислород и 10 проценти од нив на апарати за дишење.

Во исто време, предупредува Чачиќ, во Хрватска има „стотици неискористени респиратори“.

Затоа, Вараждинската жупанија итно побара мобилизација на сите респиратори во Хрватска од страна на Министерството за здравство.

Итно треба да ги испратат респираторите таму каде се потребни. Нема време за состаноци. Се бараат вистински, системски решенија, вели тој.

Респираторите се ослободуваат кога пациентот ќе умре или се опорави. За жал, најмногу кога ќе умре, вели жупанот.