Будимпешта е европски град со најголмо зголемување на цените на имотите, покажуваат најновите податоци на консултантската компанија за пазарот на имоти Global Residential Cities. Минатата године тие се покачени за 19%, што унгарската престолнина ја става на третото место во светот, веднаш зад кинескиот град Сиан (пораст од 20%) и Ахмадабад во Индија (19,6%).
Во топ дсетте градови со најголем пораст на цените на имотите влегуваат уште Хидерабад (Индија), Бангалор (Индија), Порто (Португалија), Хонгконг, Ротердам, Сурат (Индија) и Амстердам.
Од британските градови цените на имотите најбрзо растат во Глазгов и Единбург. Во САД на прво место е Сан Франциско со пораст од 10%.
Comments are closed for this post.