Советот за државјанство не го усвои барањето. Нема категорични податоци за присуство на постоечко бугарство. Ова е одговорот на надлежната бугарска институција при Министерството за правда околу барањата на Бугарите од Мала Преспа, кои беа потапкани по рамо, пишува софиски „Труд“ во наслов „Бугарите во странство-Политика, поигрување или туѓи интереси“.

Потсетувајќи каде се наоѓа регионот, во написот се вели дека во 2017 година, благодарение на локалните жители, кои не се поколебале да го стават во залог името и својот потпис за признавањето на бугарското малцинство, Бугарија гордо изјави дека „грешката“ направена во 1946/47 година е поправена.

Но, што, всушност, се случува! Наскоро ќе има попис на населението во Албанија на кој се очекува сите да ја изразат својата националност. И како да се изразат луѓето по ваквата одлука? Факт е дека нема архиви со документи (пасоши, изводи од матични служби) за да се докажат барањата пред Советот за државјанство. Случајно? Дали некој очекува дека во 9-те села на границата со бивша Југославија, Грција и Албанија, тогашната државна машинерија ќе ги сочува „компромитирачките факти“, различни од веќе признатото малцинство (македонско)? Историските факти и народната меморија се се уште живи.

Да, луѓето во Мала Преспа не го говорат денешниот литературен бугарски јазик. Да, влијанието на „македонскиот јазик“ во локалниот говор е достапен. Зашто „некои“ имаат постојана политика на терен и со конкретни дела. А, што правиме ние? Нема да се зачудам ако утре, по неисполнетите ветувања, разочараните луѓе и го свртат грбот на Бугарија, вели авторот. И додава дека кога маќеата е добра, а родената мајка не сака да те види, се разбира дека ќе ја сакаш маќеата.

Според авторот, во Албанија има меѓу 60.000 и 170.000 Бугари и потсетува дека бугарското малцинство беше официјално признато од албанската влада на 12 октомври 2017 година.