Од утре во Албанија носењето заштитна маска станува задолжително и на отворен простор, а за непочитување на мерката предвидени се парични казни.

Предлогот го даде Комитетот за справување со пандемијата со Ковид-19, а врз основа на одлуката на Владата, во која се наведени препораки како,каде и кој се треба да носи заштитна маска, како и казните предвидени за оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка.

-Заштитна маска или марама задолжително треба да носат сите и насекаде освен децата до 11-годишна возраст. Од оваа мерка се изземаат единствено оние на кои носењето маска им штети врз здравјето, но за тоа треба да поседуваат медицински документ, лица кои сами се движат со велосипед или мопед, за време на спортски тренизи, во возило само доколку оние што се во него се од исто семејство, пливање во базен, езеро или море, во домовите кога се само деновите на домаќнството, рече Албана Фиќо, директорка на Институтот за јавно здравје.

Додаде, тоа значи дека маската станува „задолжителен придружник“ насекаде и апелраше тоа да се почитува за да се спречи ширењето на опасниот вирус.

Објаснувајќи ја ова мерка таа рече дека за непочитување предвидена е парчна казна од 25 евра, додека за секој повторен прекршок казната ќе изнесува 40 евра.

Од крајот на минатиот и овој месец бројката на новозаразени во едно деноноќие постојано е во пораст. Така, вчера беа дијагностицирани 182 лица позитивни на Ковид-19 што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие досега.