Лидерот на Златна зора и пет поранешни пратеници од партијата, добија по 13 години затворска казна за формирање криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешното рочиште, судијката ги соопшти казните за сите 50 обвинети во судскиот процес.

Еден поранешен пратеник наместо 13 доби, 10-годишна затворска казна, додека пак за учество во криминална организација, поранешните пратеници добија од пет до седум години затвор.

Убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.