Сите кои летувааат во Грција треба да внимаваат и да се чуваат од опасните комарци кои демнат на секој чекор. Британскиот Форин Офис како и амбасадата на САД во Атина ги предупредија своите граѓани доколку наидат на здравствени проблеми предизвикани од комарците да се најват во најблиската болница за да бидат соодветно третирани, пишуваат британските медиуми.

Лекарите тврдат дека вирусот во Грција го донеле птиците-преселници. Препорачуваат да се носи долги ракави, да не се пие вода од чешма и во апартманите каде што престојуваат да користат мрежи против комарци.

Симптомите се слични на грип, а тоа е повисока температура, силна главоболка  и болка по целото тело.