По соопштувањето на усвоените заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за Албанија и за Северна Македонија реагираше албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на Твитер напиша дека тоа е една многу позитивна вест од Европа и додаде дека треба да се стави крај на „валканата офанзива“ против Албанија, алудирајќи на активностите на опозицијата.

Многу позитивна вест од Европа на патот кон отворање на преговорите. И покрај неограничената војна на политичкиот фронт на злото, кој прави се што е можно за да ја оцрни земјата во очите на Европа, да ги блокира преговорите со закани, молотови коктели и монтирани прислушувања, Албанија опстојува. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се договорија да се навратат најдоцна во октомври на отворањето преговори со Албанија и со Северна Македонија. Ајде да се спротивставиме до крај на офанзивата со кал и камења против Албанија. Сите заедно на 30-ти јуни – напиша Рама на Твитер.